ПРЕНОСНИ МИНИ КАМИНИ | FIRE PIT

ХАРМОНИЈА И ТОПЛИНА.
ЗА СИТЕ.

Повеќенаменски преносни мини камини или познати како Fire Pit се водечките производи кои ги изработуваме во Studio Caleo и со гордост може да се пофалиме дека за прв пат во Македонија можете да ги сретнете токму тука. Бетонски парчиња кои се издржливи на висока температура, грижливо креирани во соодветни форми, го добиваат финалниот сјај кога ќе ги поставите на местото каде сакате да започне магијата.

ЗОШТО FIRE PIT?

Внесуваме топлина и хармонија во вашиот дом преку мини преносните камини. Толку лесни и едноставни за употреба, а сепак создаваат голема промена во вашиот домашен амбиент. Светлината кои тие ја испуштаат креираат совршен амбиент за секоја пригода. ​Додека обичните камини на дрва испуштаат штетни честички при согорување, кај Caleo Fire Pit тоа не е случај бидејќи се користи Изопропил алкохол (71-99%) како гориво кој е чист и не испушта штетни честички при согорување.

Studio Caleo има за цел да овозможи она што го нарекуваме “Caleo Fire Moments®”. Доживејте поинакво искуство на трпезата додека ручате, направете вистинска забава со најблиските, прочитајте добра книга покрај мини каминот или пак уживајте на плажа во доцните часови. Можеби, подгревање на Мачмелоу слатки ќе биде совршена опција за дружба со пријателите. Погоден е и за медитативни вежби и релаксација. Истовремено секој Fire Pit може да се употребува и надвор, во вашиот двор, во природа и слично.

ДА. ВНАТРЕ.

Без саѓи на таванот или јаглерод моноксид (во добро проветрен простор) слободно користете го Fire Pit како акцент/амбиентално парче насекаде во и околу вашиот дом!

СОГОРУВАЊЕ БЕЗ САЃИ

Со гордост рекламираме дека секој Fire Pit нема да произведува јаглерод моноксид или да внесе саѓи во вашиот дом. Иако ова е точно, сакаме да разјасниме неколку работи. Додека некои горива произведуваат јаглерод моноксид како би-производ на согорување, изопропил алкохолот не го прави тоа. Меѓутоа, во отсуство на доволно кислород, СЕКОЕ гориво (дури и запалка) може да почне да произведува јаглерод моноксид и саѓи. Ова може да се случи од различни причини, но најчесто во цврсто затворен простор (кој често содржи разменувач на воздух). Знаејќи го ова, отсекогаш сме велеле дека Fire Pit мора да се запали само во добро проветрена просторија, под „добро проветрено“ мислиме на активна размена на воздух (притоа и кислород).

УПОТРЕБА НА FIRE PIT

Како и секој друг запаллив производ (камин, свеќа, запалка), така и за Fire Pit треба особено внимание при самата употреба. Алкохолот е лесно запаллив и опасен за управување, па затоа направивме инструкции по кои задолжително предлагаме да се водите. Задолжително да се прочитаат сите детали поврзани со неговата употреба за да не дојде до несакани последици. Ниту Caleo, ниту било кој е одговорен за несаканите последици предизвикани при несоодветно управување со секој Fire Pit.

Безбедноста треба да биде приоритет при ракување со секој Fire Pit. Запомнете, горивото за оган е високо запалливo и крајно опасно ако не се ракува според упатствата, не заборавајте да ги прочитате овие упатства за безбедност пред да ракувате со оган. Овие упатства за безбедност мора да се чуваат како препорака сè додека сте сопственик на Fire Pit и дадени на секој што користи Fire Pit.
• Fire Pit мора да се користи строго на хоризонтална и рамна површина.
• Користете 70%, 91% или 99% изопропил алкохол како гориво.
• Никогаш не го исполнувајте резервоарот повисокo од 2cm од врвот.
• Пламенот го следи горивото. Истуреното гориво треба да се исчисти со сува хартиена крпа по површината доколку се истурило, пред да се запали.
• Користете само продолжена запалка или долг кибрит за да запалите.
• Никогаш не го дополнувајте, поместувајте или допирајте Fire Pit додека гори или кога е сeуште топол.
• Покријте со поклопецот за да изгаснете. Не обидувајте сè да дувате.
• Ако се разгори горивото, задушете го за да изгаснете или попрскајте со апарат за гаснење пожар.
• Fire Pit никогаш не треба да се активира, ракува или дополнува од страна на малолетни или лица кои незнаат да ракуваат со него.
• Никогаш не оставајте го Fire Pit запален без надзор.
• Чувајте ги децата и домашните миленици на безбедно растојание од Fire Pit и под надзор на возрасните.
• Чувајте ги запалливите предмети најмалку 3 метри подалеку од оган, додека го користите Fire Pit.
• Време на употреба: Не повеќе од 1 количина алкохол во контејнерот. Дополнување на друга количина, штом се олади Fire Pit целосно.
• Не отворајте контејнер со гориво до отворен оган.
• Горивото треба да се чува на суво и ладно место најмалку 2 метри од огнот.
• Секогаш проверувајте дека шишињата се добро затворени, чувајте ги подалеку од дофат на деца.
• Не оставајте единица гориво во комората на Fire Pit. Пламенот може да се изгасне, но горивото потоа мора да се испразни.
• Поклопецот користете само да угаснете оган, потоа тргнете го, не оставајте го врз Fire Pit по завршување на употреба, односно додека е сеуште топол.
• Користете го Fire Pit во поголеми простории, простории проветрени или со отворен прозор.

Прекинете ја употребата веднаш ако се појават пукнатини или се покаже гориво или пламен од надворешната страна на уредот. Ниту Caleo, ниту кој било малопродажник не презема одговорност за повредите или штетите што произлегуваат од употребата на Fire Pit.

УПОТРЕБА НА FIRE PIT

Како и секој друг запаллив производ (камин, свеќа, запалка), така и за Fire Pit треба особено внимание при самата употреба. Алкохолот е лесно запаллив и опасен за управување, па затоа направивме инструкции по кои задолжително предлагаме да се водите. Задолжително да се прочитаат сите детали поврзани со неговата употреба за да не дојде до несакани последици. Ниту Caleo, ниту било кој е одговорен за несаканите последици предизвикани при несоодветно управување со секој Fire Pit.

Безбедноста треба да биде приоритет при ракување со Fire Pit. Запомнете, горивото за оган е високо запалливo и крајно опасно ако не се ракува според упатствата, не заборавајте да ги прочитате овие упатства за безбедност пред да ракувате со оган. Овие упатства за безбедност мора да се чуваат како препорака сè додека сте сопственик на Fire Pit и дадени на секој што користи Fire Pit.

• Fire Pit мора да се користи строго на хоризонтална и рамна површина поставен на неговата цементна база.
• Користете 70%, 91% или 99% изопропил алкохол како гориво.
• Никогаш не го исполнувајте резервоарот повисокo од 2.5cm од врвот.
• Пламенот го следи горивото. Истуреното гориво треба да се исчисти со сува хартиена крпа по површината доколку се истурило, пред да се запали.
• Користете само продолжена запалка или долг кибрит за да запалите.
• Никогаш не го дополнувајте, поместувајте или допирајте Fire Pit додека гори или кога е сeуште топол.
• Покријте со поклопецот за да изгаснете. Не обидувајте сè да дувате.
• Ако се разгори горивото, задушете го за да изгаснете или попрскајте со апарат за гаснење пожар.
• Fire Pit никогаш не треба да се активира, ракува или дополнува од страна на малолетни или лица кои незнаат да ракуваат со него.
• Никогаш не оставајте го Fire Pit запален без надзор.
• Чувајте ги децата и домашните миленици на безбедно растојание од Fire Pit и под надзор на возрасните.
• Чувајте ги запалливите предмети најмалку 3 метри подалеку од оган, додека го користите Fire Pit.
• Не горете подолго од 1 час истовремено без да дозволите Fire Pit да се олади на допир.
• Не отворајте контејнер со гориво до отворен оган.
• Горивото треба да се чува на суво и ладно место најмалку 5 метри од огнот.
• Секогаш проверувајте дека шишињата се добро затворени, чувајте ги подалеку од дофат на деца.
• Не оставајте единица гориво во комората на Fire Pit. Пламенот може да се изгасне, но горивото потоа мора да се испразни.

Прекинете ја употребата веднаш ако се појават пукнатини или се покаже гориво или пламен од надворешната страна на уредот. Ниту Caleo, ниту кој било малопродажник не презема одговорност за повредите или штетите што произлегуваат од употребата на Fire Pit.

ОДБЕРЕТЕ ГО ОМИЛЕНИОТ FIRE PIT

  • Infinity Fire Pit

    4.500 ден

  • Cosmo Fire Pit

    1.800 ден2.800 ден

  • Arc Fire Pit

    2.200 ден

  • Momentum Fire Pit

    2.200 ден

ПАКУВАЊЕ

Внимателно спакувани производи.
Совршени за одличен подарок.

ДОСТАВА

Достава низ цела Македонија.
Бесплатна достава над 1.500ден.

ПЛАЌАЊЕ

Направете онлајн нарачка.
Плаќањето ќе биде извршено при достава.