УМЕТНОСТA ПРЕТОЧЕНА ВО СОВРШЕН ОБЛИК И ТЕКСТУРА
Инспирирани од светските трендови во модерното време, креираме форми кои го надополнуваат вашиот ентериер во целост.
НИЕ СМЕ CALEO
Студио Caleo се занимава со рачна изработка на декоративни цементни-бетонски парчиња во комбинација со ароматизирани свеќи. Разните форми и комбинации од бои се предизвик за изработка на секое парче да биде уникатно и единствено.

ПРОИЗВОДИ ОД БЕТОН
Цементните-бетонски декораци наоѓаат широка примена во секојдневието. Ние се потрудивме да ги претставиме овие производи во поразлично светло со цел да го направиме вашиот ентериер посебен. Секое парче пронаоѓа соодветна примена во вашиот дом или канцеларија. Долготрајноста на бетонските парчиња овозможува непрекинато задоволство при секојдневната употреба. Всушност, секое парче станува дел од вашето секојдневие. Допирот на овој материјал не ве остава рамнодушни.

АРОМА СВЕЌИ
Ароматизираните свеќи се креирани во комбинација со цементните декорации кои го осветлуваат и збогатуваат вашиот ентериер на сосема поинаков начин. Самата бетонска основа, остава посебен белег при осветлување од свеќите. Амбиентот кој го создаваат овие свеќи со рефлектирање на цементната база, го прават амбиентот сосема поинаков.
Дозволете ни да внесеме хармонија и топлина во вашиот дом!