-
Gamma Cube, интерактивна сложувалка од цементни парчиња кои формираат коцка. Постои само едно решение за коцка како и креирање на други форми. Погодна е за релаксација и зголемување на креативноста. Одлично се вклопува во домот или работната просторија. Сите парчиња од сложувалката се рачно изработени што резултира со уникатност на овој тип декор.